Оценувањето за првото тримесечие во училиштата во Прилеп се одвива непречено

51

Според Камелија Галева, професор по македонски јазик во прилепското средно електро-машинско училиште „Ристе Ристески Ричко”, учениците и наставниците се приспособуваат на условите и на можностите што се нудат во наставата на далечина.

Мислам дека се приспособуваме заедно со учениците на условите. Секако дека писменото и усното оценување се различни. Иако, друго е усното оценување во училницата и дава поверодостојни резултати, сепак во дадените можности, сите се снаоѓаме, вели Галева.

 

Професорката по англиски Александра Конеска ја затекнавме среде тестирање на учениците во нејзиниот клас. Вели, прво имаше отпор, но се приспособуваат.

Прво учениците реагираа, имаа отпор, но се снаоѓаме. При писменото, немам дополнителна камера да ги следам, но учениците сега се исполнителни, редовни и полека го „фаќаме” чекорот со состојбите, објаснува Конеска.

Билјана Најдоска е наставник по германски јазик во прилепското основно училиште „Гоце Делчев”. За новите генерации ученици, не им е туѓо одржувањето часови на далечина.

Има предности и мани. Факт е дека друго е наставата со физичко присуство, но на новите генерации ученици блиска им е новата технологија, наставата на далечина. особено зашто имаат можности да користат многу Интернет-алатки. Функционираме во дадените состојби, вели Најдоска.

Во осовното образование предизвик е работата од четврто до деветто одделение. За до трето одделение со физичко присуство, децата се навикнаа на новите услови.

Јас сум одделенски наставник. Работиме според протоколите. Некогаш главен проблем ни е одржувањето физичка дистанца со децата, но тие функционираат во дадените услови. Нема други поголеми проблеми, вели Снежана Котева одделенски наставник во прилепското основно училиште „Гоце Делчев”.

Во Прилеп од 10 300 основци и средношколци, преку 8 000 следат настава на далечина. Учениците до петок треба да ги добијат првите тримесечни оценки.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content