Откриени 8,8 тони небезбедна храна

101

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, за емисијата „Бизнис 21“ на Тв21 истакна дека во Република Македонија има многу небезбедна храна и досега се откриени 300 тони.

– Вкупно се откриени околу 300 тона небезбедна храна поради неусогласености или недоследности на истата таа храна. Станува збор за кондиторски производи, млечни, сувомеснати, преработена храна, за природни минерални води, мед, овошје, зеленчук, порача Миланов.

Тој додаде дека има места каде што храната се чуваа во несоодветни услови.

– Кога ќе биде пуштена во промет, во однос на храната која треба да биде термички да биде обработена или чувана, или во магацин кој е пријавен од нивна страна, а е складирана во друг простор каде нема термички режим на работа, на таков вид наидуваме многу на терен, истакна Миланов.

Директорот на АХВ кажа дека бил запрепастен од она што го затекнале инспекторите на терен во Охрид, Струга, Преспа и Дојран.

– Тоа што го видов во овие места беше запрепастувачки. Имаше многу нерегистрирани оператори, откривме 8,8 тони небезбедна храна, истакна Миланов.

Тој се пожали дека Агенцијата за храна и ветеринарство се соочува со недостаток на инспектори, што го отежнува спроведувањето на редовните контроли на безбедноста на храната.

– Во пензија лани отидоа десетина инспектор, оваа година одат 18. Недостасуваат најмалку 25 инспектори, вели Миланов.

извор: Тв 21

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content