Отворен повик за 13. издание на Фестивалот за кратки филмови „Балканс Бијонд Бордерс”

29

„Балканс Бијонд Бордерс” (Balkans Beyond Borders) (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 13. издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови Balkans Beyond Border, Ова издание на фестивалот за првпат ќе биде одржано во Македонија, во градот Битола. Во изминатите 12 години фестивалот патуваше во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува 1.000 евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар дебитантски филм, специјални признанија и награда од публиката.

Конкурсот е отворен за младите уметници од Балканот и пошироко, а рокот за пријавување трае до 31 мај оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content