Skip to content

Отворена канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

114

Изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше на обезбедување и реализација на повеќе активности со цел за завршување на процесот од административно-технички и правен карактер за отпочнување на Комисијата како независен субјект со својата работа.

Министерот за правда Игор Филков смета дека ова претставува важен исчекор кон обезбедување на подобра заштита на човековите права за жртвите на кривични дела со насилство. Со ставањето во функција на канцеларијата за Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, се создаваат услови оваа комисија да функционира како независно тело со својство на правно лице.

,,Имено, иако Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство стапи на сила на 25.11.2022 година, а започна да се применува од 25.05.2023 година, еве денеска, цели 17 месеци по примената Министерството за правда обезбеди услови за започнување со работата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство формирана на 13.02.2024 година. Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи”, рече Филков.

Претседателката на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, Цветанка Периќ упати благодарност до Министерството за правда за напорите да се обезбедат услови за непречено работење и најави дека на наредната седница ќе се отпочне со постапување по предмети.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио