Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник

30

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомнуичениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content