Основците ќе имаат скратени часови, МОН препорачува да не јадат мрсно и благо и да пијат повеќе вода

185

По реакциите од родителите дека учениците од основните училишта посетуваат настава во период кога дневните температури достигнуваат и до 40 степени, се огласија и од Министерството за образование и препорачаа наставата да се реализира со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја.

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време – училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да пијат повеќе вода и за време на училишниот ден да не јадат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

„Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија“, информираше Министерство за образование и наука.

Поради најавите за топлотен бран, Владата на барање на Министерството за здравство одржа вонредна седница и донесе препораки за заштита од топлото време, но оваа одлука не се однесува за основците.

Родителите на основците побараа наставата да заврши пред 17 јуни или да има скратени часови поради високите дневни температури кои достигнуваат и до 40 степени. Според нив, училиштата немаат услови на вакви температури нормално да ја спроведат наставата.

Поради воведување на пролетен распуст, учебната година се продолжи до 17 јуни, но по барањето на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците заврши на 10 јуни, додека за основците остана одредбата да учат до 17 јуни.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири тогаш изјави дека во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во училиштата, додека средните училишта ја немаат законската обврска за точен број работни денови.

– Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни, тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме – рече Шаќири.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content