Од коалицијата Вреди преку сооптшение им порачуваат на опозициската ДУИ, дека наместо да се извинат за 20-те години кражба, корупција и лаги, тие се обидуваат да си ги измијат гревовите со еден бел лист хартија што го нарекуваат „меѓународен стандард“.
„Но, кој ќе го спроведува тој стандард во ДУИ?
Рамиз Мерко, со над 20 кривични пријави и со владеење што ја претвори Струга во приватна сопственост? Артан Груби и Прпарим Бајрами, кои го инсталираа „коцкарството“ во секој агол на државата. Бујар Османи, кој делеше тендери за рента-кар како да се бакшиши за неговите блиски? Или можеби Блерим Беџети, мајсторот на политиката „башибузук“, кој заедно со Данела Арсовска го претворија Скопје во џунгла? Или можеби ќе го повикаат милионерот Дрин Ахмети од „Соравија“ како „експерт“ да им дава совети? А Исмаил Јахоски од „Пуцко петрол“, познат по криминалните милионски зделки, го чуваат за моментот кога ќе треба некој да го финансира новиот бизнис-проект на ДУИ – ‘перење образ со народни пари’.
Ова не е борба против корупцијата, туку обид за нејзина сертификација и бришење со гума на сè што народот го чувствува во коски веќе две децении. Албанскиот народ нема потреба од купени сертификати во луксузни канцеларии на приватни компании, туку има потреба од вистинска правда, реална одговорност и казна за оние што 20 години крадеа и лажеа. Хартијата не ги брише огромните богатства, вилите, тендерите што се подаруваа и уништените надежи. Албанците ги знаат имињата на тие што им ја стиснаа душата и им ја украдоа иднината. И нема стандард во светот што може да го избрише срамот на една партија што ја претвори корупцијата во систем“, им порачуваат од Вреди на ДУИ.