Од 20 до 24 март во Скопје ќе се одржи овогодинешното издание на Саем на Мебел во комплексот „Борис Трајковски“ со неверојатен избор, исклучителни понуди и неодоливи цени.
Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел. Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност, односно да добие професионален совет за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии, а сепак да биде модерен и трендовски.
На Саемот ќе учествуваат многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови, кои со сигурност ќе бидат вистинското освежување за сечиј дом.