Цените што важат за секој корисник на домашни сообраќајни услуги ќе важат во мрежата на кој било оператор на Западен Балкан.

Единствените ограничувања во потрошувачката се можни во однос на тарифниот пакет, и за тоа дали се работи за припејд или за постпејд-корисници.

 

Укинувањето на роамингот од 1 јули на Западен Балкан е крај на процесот што траеше две години и во кој постепено се намалуваше цената на роаминг услугите.

Последната фаза значи укинување на роамингот, така што сите корисници ќе можат да прават во повици, да користат интернет и СМС-пораки во околните земји, како и во домашниот сообраќај.