Од утре на сила новите мерки: Рестораните ќе работат до 18 часот
Институто за јавно здравје потврди дека минатата недела имало пад на бројот на новите случаи, таков е и денешниот ковид биланс..
За претстојните празници полицијата ќе прави засилени контроли во викенд населбите. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски апелираше до сите сопственици на викенд куќи или вили што ги издаваат под наем на групи луѓе да бидат свесни дека нивното издавање повлекува и сериозна кривична одговорност за загрозување на здравјето на граѓаните. Вели дека уште сега постапуваат превентивно и порача дека идејата не е да се донесе одлука да се затворат угостителските објекти како заштита од ширењето на корона вирусот, а од друга страна граѓаните да се групираат по викендици и да се прават нови кластери.
Ќе се постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. Секако дека таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави. Реков дека ова е кривично дело за директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните – изјави Спасовски.
Спасовски во своето експозе по повод 100 дена Влада кажа дека се повеќе се почитува мерката за задолжително носење на маска и поради тоа кон крајот на последните три месеци за 50 отосто се намалила и бројката на санкциони граѓани. Министерот уверува дека секојдневно се растураат семејни веселби и групни собирања.
Првиот човек на полицијата најави и дека наскоро ќе се распише оглас за вработување на 500 нови полициски службеници.