Од понеделник, приватните специјализанти стапуваат во генерален штрајк

49

„На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања“, се посочува во соопштението.

Поради тоа, како што се посочува во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки Кирил и Методиј и Гоце Делчев – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – стапување во генерален штрајк од 15 април. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content