Од полноќ поевтини горива
Регулаторната комисија донесе одлука за нова цена на горивата која стапува од сила од полноќ. Има намалување на цените кај сите горива. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава за 81 денар по литар. Цента на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 0,5 денари и од утре ќе се продава за 83 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 74 денари по литар.
Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, и ќе се продава по 71,5 денари по литар, додека цената на мазутот од утре ќе изнесува 44,4 денари по килограм.