Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на одлуката од 16.10.2023 година.
Од 20.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,50 (денара/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 82,00 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 – (ЕЛ-1) 81,00 (денар/литар)
„мазут М-1 НС“ – 46,499 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,150 денар/кг и сега изнесува 46,499 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,726 %, кај дизелот 2,489 %, кај екстра-лесното масло 2,445 % и кај мазутот зголемувањето е 3,109 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,086 %.