Од петок цените ќе мора да ги објавуваат онлајн

99

Продажни цени, попусти, промоции – маркетите, аптеките, салоните за бела техника од петок мора на веб страна да ги објавуваат сите детали околу производите кои ги продаваат.

Досега ниту еден трговец не се пожалил до Министерството за економија дека има проблем да го спроведе законот, па согласно тоа ако од задутре не се објавуваат цените како што е наведено во Правилникот, ќе следуваат казни.

Законската обврска не важи само за микротрговците односно оние кои имаат до 10 вработени. Продавниците ќе мора да ги објавуваат цените на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.

„Досега кај нас не е стигната информација дека некој од трговците има проблем да го имплементира овој правилник, но доколку имаат тешкотии да го спроведат, тука сме да седнеме да разговараме со нив“, Дурмиши.

Објавувањето на цените онлајн се очекува дополнително да ги намали цените затоа што ќе се зголеми конкурентноста.

Во меѓувреме на сила е одлуката за ограничени цени и маржи на 102 групи на производи која завршува на крај на месецов. Според Министерството за економија мерката дала резлутати. Дали ќе има нови мерки ќе зависи од инфлаторните движења

– Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе постапиме соодветно и ќе донесеме други мерки, рече Дурмиши на денешната прес-конференција.

Инаку, за непочитување на одлуката на маржите досега клуч на врата добија 9 правни субјекти вклучително и маркети, аптеки и увозници – дистрибутери. Тие добија забрана за работа од 15 дена, а изречена им е и парична казна. Од над 500 контроли пазарна нашла 65 неправилности за што се изречени парични казни.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content