Од март покачување на пензиите за 7%, усогласување со порастот на трошоците на живот

74

За година дена пензиите се зголемија за 16% а со усогласувањето во март пензиите ќе бидат за над 20% зголемени.

Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година. Оваа методологија, која ја утврдивме заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери, работена според швајцарскиот модел, дава резултати на долг рок. Усогласувањето, според оваа методологија се врши два пати во годината, односно во март и во септември и ги следи промените во двата индекса за усогласување. На овој начин осигуравме заштита на пензионерите во осцилациите на трошоците за живот и ги поврзавме покачувањето на пензиите со покачувањата на просечната плата – изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски рече дека пензиите, од почетокот на пандемијата, до денес се исплаќаат дури и предвреме.

Министерството за труд и социјална политика извести дека од вчера (понеделник) започна етапната исплата на пензиите за  февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Пензионерите изминатиот период добија и финансиска поддршка која како дел од антикризните мерки ја добија 330000 пензионери односно тие добија по 1000 денари за месеците март, април и мај или вкупно 3000 денари.

Пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од вториот пакет антикризни мерки согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за полесно справување со енергетската криза. Притоа, пензионерите со пензии до 11.525 денари добиваат по 1500 денари 4 месеци, а пензионерите со пензии од 11.526 денари до 14.000 денари по 750 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content