Од денес аплицирање за ваучери за одмор Од 200 евра, пари има за 1.250 граѓани

67

Ваучерите се со вредност од 12.000 денари и ќе можат да се користат во категоризираните угостителските објекти за сместување лоцирани во туристичките центри кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

За реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари, што значи ваучери ќе има за 1.250 граѓани, а средствата ќе се даваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата“, велат од Министерството за економија.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни. Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content