Како што информираа српските власти, исплатата ќе трае во наредните два дена.
Право да се пријават за државна помош имаа сите српски државјани на возраст од 16 до 29 години во рамки на акцијата „Да кликнеш од среќа“
Според податоците на српското министерство за финансии по 100 евра ќе легнат на сметките на 1.105.000 млади Срби како помош за справување со ковид пандемијата.
Во април и октомври минатата година српската влада префрли по 30 евра на сметките на сите полнолетни граѓани а во декември им исплати по 20 евра.
Пензионерите во септември лани добија по 50 евра на сметките а во декември уште дополнителни 20.
Помош од 60 евра во јуни минатата година беа префрлени на сметките на сите грѓаани кои се водат како невработени.
Награди имаше и за граѓаните кои се вакцинирале. Според објавените податоци, 2,5 милиони Срби кои се вакцинираа до 31 мај лани, добија по 25 евра на своите сметки.
За идната година во јануари се најавуваат по 90 евра помош за сите здравствени работници и исплата на 170 евра за сите пензионери во февруари.