Системот на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта.
Халкбанк АД Скопје, беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, откако претходно беше во прекин поради пропаѓање на Еуростандард банка.
Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во подружниците Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта, информираа од Халкбанк АД Скопје.
Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта, ќе биде со поволни провизии, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.