Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

184

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.

Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content