Од денеска двосменско работење на дел од отсеците за управни работи при МВР

105

Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно ново работно време.

Одделението за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 7:30 часот до 19:30 часот.

И Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 8:00 часот па до 18:00 часот, а истото работно време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар, ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод, ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово, ОУР Велес за Неготино, ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка, ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 8:00 часот до 16:00 часот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content