Од двојазичноста е само во главите на некои, од денеска униформите и на албански во Скопје и општините со 20% Албанци
Според Службен весник, стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформите на полицијата, донесена од влада пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.
„Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, натпис “СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA E TRAFIKUT” “TRAFFIC POLICE”, амблем “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, амблем “ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA KUFITARE” “BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.
Тројазични стануваат и амблемите на единицата за интервентна полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.
„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, изјави Спасовски.