Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов испрати благодарност до Меѓународната ракометна федерација поради поканата до нашите ракометари за настап на ракометниот спектакл.
„Во името на Македонската ракометна федерација и мое име, сакам да ви се заблагодарам за официјалната покана на нашиот национален тим да настапи на ракометниот спектакл во Египет. Македонската ракометна селекција е подготвена и задоволна што ќе настапи на Светското првенство“, порача првиот човек на РФМ.
Македонија најпрво ќе игра против Шведска на 14 јануари, по што следи меч против Египет на 16 јануари и Чиле на 18 јануари во групата Г.