„Ние како производители на свинско месо бараме да се покачи цената, но сѐ уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денар“, вели Сарафимов, објави МИА.
Тој кажа дека од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруари, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.