Одбележување на Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“

73

На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски и командантот на САЕ ТИГАР, Драган Прокоповски.

Тие воедно ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на САЕ ТИГАР во касарната „Илинден“.

Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР е формирана на 13 март 1981 година.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content