Одбележан празникот Св. Три Светители, познат како “Денот на бакалите” во Прилеп

47

Се одржа Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините.

Годинашен домаќин односно кум е Кирил Јандреоски. После црковната литургија на заедничка трпеза со дружба го одбележуваат патрониот празник во с.Лениште на манастирот Св.Петка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content