Одбележани се 157 години од раѓањето на македонскиот револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров

56

Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилеп а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија.

Денес се навршуваат 157 години од раѓањето на македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација.

По тој повод заедничка делегација од Општина Прилеп и Советот на општина Прилеп, како и делегации на СОУ „Ѓорче Петров“, Сојузот на борци од Прилеп и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер во центарот на градот и пред неговата родна куќа во населбата Варош.

„ Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња преставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина.“ —Ѓорче Петров, „Материјали по изчувањето на Македонија“, 1896г.

Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ.“

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content