Одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Тито во Прилеп

29

Општина Прилеп со полагање цвеќе на бистата во основното училиште што го носи неговото име, денеска ја одбележа 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Покрај градоначалникот Илија Јованоски, цвеќе положија и претставници на Советот на општина Прилеп, училиштето кое со гордост го носи името на Делчев, како и делегации на политички партии и урбаната заедница „Гоце Делчев“.

 

Исто така, по повод 109-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Пере Тошев, делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе пред неговото спомен обележје во центарот на Прилеп.

Со полагање цвеќе пред бистата која се наоѓа во Меморијалниот музеј „11.Октомври“, оддадена му беше почит и на Јосип Броз Тито, претседателот на СФРЈ, од чија смрт денеска се одбележуваат 41 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content