Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година

110

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, според податоците што министерот Таравари ги добива на неделно ниво од внатрешноста.

„Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа речиси 1.000 средномедицински лица. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, оние што беа со договор на дело. Меѓутоа, повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште“, рече министерот Таравари.

За него, средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување, кој треба да се распише, е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата заедно со уште неколку мерки преземени во изминатата година.

„Триста специјализанти оваа година ќе примиме на работа и триста идната, 1100 лица средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на плати… Ова е тоа што може да го направи една Влада. Повеќе од ова за шест месеци јас не знам дали ќе можевме да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година се истите проблеми. И тогаш се бараше специјализантите да бидат вработени, за приватните зборувам, и тогаш се бараше колективниот договор и сега после седум години успеваме за шест месеци да ги решиме овие проблеми кои стојат подолго време во државата“, рече министерот Таравари.

Министерот извести дека од денес на Онкологија за пациентите се достапни двата биолошки лека кои недостасуваа. Објасни дека набавката на лековите задоцнила поради долгите и сложени процедури кои мора да се следат оти станува збор за меѓународни тендери. Недостиг од двата лека Таравари вели дека имало само неколку дена и затоа смета дека се направил поголем метеж отколку што требало.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content