Овие три бои на коса ќе ја обележат 2021 година

115
  1. Бакарна нијанса

Серијата Queen’s Gambit донесе и нов тренд кога станува збор за косата. Сите се вљубија во бојата на коса на главната актерка. Фризерите велат дека бакарната боја ќе биде омилена во текот на 2021 година и дека ќе ја гледаме насекаде. Оваа боја е особено добра за луѓето кои имаат светлосен тен.

 

 

  1. Црна боја

Црната коса е повторно актуелна. Изгледа измерено, елегантно и добро се вклопува со сите типови на кожа.

  1. Впечатливи прамени

Модните трендови од 90-тите се вратија на големата врата, а исто така и кога станува збор за стилизирање на косата. Се повеќе жени одлучуваат да ги обојат само прамените околу лицето, додека остатокот од косата е во потемна нијанса. Фризерите велат дека овој тренд ќе го достигне својот врв во текот на 2021 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content