Овие нешта не се учат на училиште, но многумина сметаат дека треба

154

Што не се учи во училиштата, но веројатно би требало? Постојат многу работи кои се неопходни или би било добро луѓето да ги знаат, а не се учат на училиште.

Токму тоа прашање го поставил еден корисник на „Reddit“, а „BuzzFeed“ објави дел од одговорите.

Медиумска и финансиска писменост, домашни работи…

– „Медиумска писменост“.

– „Има премногу возрасни кои не знаат основни вештини: готвење, чистење, основни поправки, грижа за деца. До 18-та година од животот сите треба да знаат сами да го исчистат домот и да си направат ручек“.

– „Финансиска писменост – буџет, сметки, заеми, кредитни картички, камати, пензиско планирање, заштеди“.

– „Сексуално образование. Таму каде што се учи за тоа, на младите им се советува апстиненција“.

– „Како да се справите со конфликти, како да кажете „не“, како да комуницирате. Некои луѓе навистина немаат социјални вештини, а тоа е вистинска пречка“.

– „Знаковен јазик“.

– „Критичко размислување. Многу училишта ги учат децата да помнат и да рецитираат, но не ве учат многу за тоа како да анализирате и размислувате за она што ве учат“.

– „Пишување на компјутер. Зарем никој веќе не го учи тоа? Моите постари пријатели и колеги беа импресионирани од тоа колку брзо и точно пишував, па сакаа и тие да ја поседуваат таа вештина. Ги прашав зарем тоа не го учеле на училиште, тие ме гледаа бледо. Очигледно тоа не се учи на часовите по информатика“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content