Ова се едни од најдобрите антиканцерогени намирници

81

Под антиканцерогени намирници подразбираме намирници кои играат своевидна улога во заштитата од канцер. Несомнено знаете дека тоа се овошјето и зеленчукот. Но, кои од нив се меѓу најмоќните, а истовремено и достапни за нас?

Јагода

Едно од најмоќните овошја достапни на нашиот пазар. Има неверојатна антиканцерогена моќ и можете да ја употребувате во неограничени количини. Добро би било ако можете да замрзнете некој килограм за да можете да го употребувате овој плод во текот на целата година. Јагодата консумирајте ја секогаш свежа, кога купувате секогаш гледајте да не е сплескана, а на неа да се забележува и јасно зелената капа која ја обвиткува одозгора. Ова овошје освен што има одлични здравствени придобивки има и одличен вкус и веруваме дека непостои човек кој нема да се согласи со ова.

Брокула

Овој зеленчук го бие лош глас заради својот вкус. Но, доколку пробате секојдневно да ја употребувате, ќе видите дека и не е толку невкусна, особено ако знаете како да ја приготвите правилно салатата од брокула. Броклулата е многу нискокалорична и е еден од најпрочуените борци против ракот. Се смета дека е особено ефикасна против рак на дојка, матка и дебело црево.

Спанаќ

Зеленчук кој треба да го употребувате често. Околу неговите здравствени придобивки можеме многу да кажеме. Тој е извонредно нискокалоричен, па можете да јадете колку што сакате без страв дека ќе се здебелите. Штити од канцер на усната празнина, ларинксот и горните дишни патишта, го штити целото тело и ја подобрува крвната слика. Содржи многу материи неопходни за организмот и затоа слободно можеме да кажеме дека спанаќот е чудо на природата.

Ананас

Добро, можеби и не го користиме баш толку често, но сепак добро е да нагласиме дека ананасот е одличен избор за правилна детоксикација на телото, а со тоа и силен борец против карциномите. Тој е богат со витамин Ц, што е уште една причина плус за редовна консумација.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content