Објавен нов јавен повик за финансиска поддршка на земјоделците

52

Финансиската поддршка за овој јавен повик е составена од 75 % средства обезбедени од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) во согласност со финансиската спогодба 2014-2020 и 25 % средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ до 50 % од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година.

„Потребните обрасци од барањето за користење  средства по мерката 3 од ИПАРД-програмата 2014-202, како и упатство за корисници на средства по мерката 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020, односно матрицата на промени кон упатството, кои се однесуваат на овој јавен повик, во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и други информации, кои се неопходни за изготвување барање за користење средства од ИПАРД-програмата 2014-2020, упатство за изготвување деловен план и други корисни информации во електронска верзија, може да се преземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следните типови инвестиции:

Млеко и млечни производи;

Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина);

Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);

Житни зрна, мелнички продукти и скроб;

Растителни производи и масла и маснотии од животни;

Шира, вино и оцет;

Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи“, се истакнува во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content