Објавена листата за продукти кои ќе бидат со маржа до 10 отсто

89

Министерството за економија ја подготви листата со над 2.000 производи кои што кога ќе стапи на сила законот за нефер трговски практики ќе бидат со маржа до 10 отсто, а доколку се согласат трговците таа може да биде и пониска.

На листата се најдоа видови млеко и павлаки, јогурт, видови сирење, мед, компир, домат, кромид, лук, краставици, видови грав и грашок, блитва, ананас, боранија, леќа, авокадо, видови портокали, мандарини, лимон, грозје, лубеници, вишни видови кафе, житни производи, видови колбаси, дел од конзервираната храна, видови шеќер, слатки и колачи, какао и производи од какао, џемови, путерот од кикирики. Ова се само дел од произодите кои нема да може да имаат маржа повисока од 10 проценти. Може да се забележи дека на списокот се најдоа и производи кои се сметаат за луксуз.

Оваа листа Министерството за економија ќе ја прати до Стопанските комори и до Организацијата на потрошувачи. Ќе се трансформира во правилник кога законот ќе стапи на сила и ќе биде објавен во Службен весник. Целта е да се стави крај на манипулациите со цените.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content