СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Нов рекорд во брзина на интернет: Може да се симнат 80.000 филмови во секунда

Јапонските инженери создадоа интернет со кој беше срушен рекордот за брзина на „симнување“ на содржини од мрежата.

Светскиот рекорд, кога станува збор за брзината на интернет, им припаѓа на Јапонците, а инженерите на оваа земја создадоа интернет чија брзина овозможува преземање на 80.000 филмови за само една секунда.

Новиот рекорд за брзина на интернет е 319 терабити во секунда (Tb/s), а оваа брзина се мери врз основа на количината на податоци што може да се префрлат помеѓу два уреди во една секунда.

Постигнатата брзина е двојно поголема од досегашната рекордна брзина, а околу 7,6 милиони пати поголема од просечната брзина на интернетот што луѓето ја користат дома (околу 42 мегабити во секунда).

Со цел да се постигне оваа брзина, истражувачите од јапонскиот Национален институт за информатички и комуникациски технологии развија експериментално оптичко влакно со четири јадра.

Тие го комбинирале своето влакно со ласер кој користел импулси на различни бранови должини и техники за засилување на сигналот, што овозможило пренос на податоци на растојание од повеќе од 2.800 километри со брзина од 319 Tb/s.

Со оглед на скапиот ласер и засилувачите кои се користат за соборување на рекордот, не очекувајте домашен интернет од 300 Tb/s во скоро време, но можеме да го добиеме влакното што беше искористено.

Научниците веруваат дека можеби нема да биде проблем да се интегрираат влакната од експериментот во инфраструктурата што веќе постои.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content