Малопродажната цена на бензинот од 95 октани се намалува за 2,50 денари по литар, додека бензинот од 98 октани, дизелот и маслото за домаќинства (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) .
Според новата одлука на регулаторите малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95 од ноческа на полноќ ќе изнесува 71,50 денари по литар. Литар бензион „еуросупер-98 “ ќе чини 74,00 денари, додека дизелот и маслото за горење (ЕЛ-1) ќе имаат иста цена 64,50 деенари.
Мазутот од полноќ ќе се продава по цена од 37,708 денари по килограм.
Новите цени на горивата во однос на вчерашната одлука на РКЕ се намалени во просек за 2,40 %.