Новогодишната кошница засега брои 818 прозводи, 36 маркети и 78 производители и дистрибутери

103

Акцијата „Новогодишна кошница“ започнува да се спроведува од 15 декември 2024, а ќе трае заклучно со 15 јануари 2025 година. Засега листата брои 818 производи, ќе се спроведува во 36 маркети, а во нејзината реализација учество ќе земат 78 производители и дистрибутери на храна, пијалаци, овошје.

Во новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и се останато што влегува во новогодишната потрошувачка. Точно кои се производи влегуваат во составот на кошницата, може да се види на mojakosnica.mk.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Од Влада велат дека носат мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби. Оттаму велат дека листата е отворена и секој што сака неговите производи да влезат во оваа мерка може да се приклучи во секое време, а сето тоа во интерес на граѓаните и зачувување на нивниот стандард.

Инаку, согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите.

Во овој период, Пазарниот инспекторат најави дека ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content