Нови опции за гласновни и видео повици на „Google Gmail“ апликацијата

41

Функцијата првпат беше најавена во септември, а од 6 декември почна да се доставува до корисниците кои имаат „Google Workspace“, „G Suite“ или сопствен налог на „Google“.

Порано беше можно да се започне повик од апликацијата „Gmail“, но досега овој процес вклучуваше испраќање покана за видео-конференциски повик на „Google Meet“.

 

Меѓутоа, во иднина ќе има едноставни икони за телефон и видео во горниот десен агол на секој разговор, а овие икони може да се користат за иницирање повик.

Иако е едноставен додаток, ќе му овозможи на „Google“ дополнително да го направи „Gmail“ централизирано место за сите комуникациски услуги.

Во соопштението на „Google“ се наведува дека корисникот ќе биде пренасочен кон апликацијата „Gmail“ дури и ако започне повик од апликацијата „Google Chat“.

Функцијата сега е достапна за корисниците на„Gmail“ на платформите „Android“ и „iOS“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content