Нова средба на министерот Хоџа со тутунопроизводителите

30

Денес од сојузот повторно ги повторија барањата за зголемена динамика на откупот и реална цена на тутунот. Бараат исто така и да бидат отворени пунктовите и во саботите, а ако е потребно велат, да се продолжи и рокот за откуп.

Според Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени 8.550 тони тутун, а просечната цена е 166,5 денари.

 

„Нашите барања се реални и очекуваме да се прифатат на утрешната средба со откупувачите. Бараме зголемување на динамиката на откупот, реална процена на линијата за откуп. Пунктовите бараме да бидат отворени и во сабота зашто времето изминува, а ако биде потребно Министерството со одлука да го продолжи рокот за откуп од 28 февруари, во почетокот на март. Мора итно да се реши вишокот тутун за компаниите да го преземат. Министерствтово за земјоделство и откупувачите штом се согласија, зошто тоа да не биде сега, да се пуштат картони, а откупувачите со договор која компанија да преземе и колку. Имаме и барање да се преземат околу 450 тони на тутунарите кои имаа договори со компанијата „Далија табак“, која не обезбеди средства и не го почна откупот“, потенцираше претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, Менде Стомнароски.

Тој нагласува дека барањата до Министерството, Инспекторатот и откупувачите се доставени навреме, пред една недела, за да може да се разгледаат.

На состанокот утре со министерот ќе бидат и претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите.

Според директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, вчера се откупени 640 тони, а досега вкупно 8.550 тони тутун со просечна цена од 166,5 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content