Николоски најави крај на дивеењето на цените на становите

127

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на вчерашното ставање камен темелник на станбена зграда во Битола, која ја гради АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, најави дека сериозно ќе го регулира пазарот на недвижности.

„Првата зграда која што после долги години ја гради Јавното претпријатие,а чија што основна задача е да го регулира пазарот на недвижности. Знаете дека станбениот квадрат и во Битола и во Охрид и во Штип и во Скопје отиде многу високо и она што можам да го најавам е за овие 65 сстанови кои што ќе се изградат тука исто така ќе има и седум деловни простории како и 100 паркинг места, цената ќе биде најмалце за 30 до 40 проценти поевтина од она што е пазар во моментов во Битола, со што мислам дека ќе ставиме крај на уцените кои што ги прават градежниците со екстремно високи цени кои што не соодвестуваат на стандардот на македонските граѓани и луѓето се доведоа во ситуација да буквално се иселуваат од државата затоа што не можат да си дозволат да купат стан или куќа и ова е само прв чекор“, рече тој.

Најави дека од следната година сериозно ќе го развиваат и проектот Купи куќа за млади, кој што треба да овозможи по доста пристапни цени младите да можат да изградат или да купат куќа, а и ќе продолжиме со вакви проекти во делот на станбената политика.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content