СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира капитални проекти во вредност од 34 милиони евра во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска во салата на Центарот за култура “Марко Цепенков”, го промовираше сработеното во изминатите две години. На настанот присутен беше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој порача дека партијата во својата програма предвидува 34 милиони евра за реализација на проекти во општина Прилеп.

–Денеска во Прилеп го видовме отчетот за работата на градоначалникот Борче Јовчески.

Во Прилеп во изминатите две години се направија многу проекти и со чесно и домаќинско работење се направи многу.

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има предвидено 34 милиони евра само за капитални инвестиции во општина Прилеп.

После победата на изборите ќе направиме многу проекти во сите општини во Македонија – напиша Николоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content