Според лидерите на ЕУ, овие настани ја покажуваат потребата за поголема независност на Европа во областа на одбраната, јавија западни медиуми
На вчерашната вечера шефовите на држави или влади на ЕУ, исто така, разговараа за затегнатите односи со Кина и зголемувањето на цените на природниот гас.
Разговорите се фокусираа на улогата на ЕУ на меѓународната сцена во светло на неодамнешните геополитички случувања, вклучително и ситуацијата во Авганистан и договорот за подморници.
„Откако научивме лекции од неодамнешните кризи, ние сме решени да ги зајакнеме нашите сили и да ја зголемиме нашата издржливост со намалување на нашите критични зависности“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по средбата.
– За да стане поефикасна и посигурна на меѓународната сцена, ЕУ треба да ја зголеми способноста да дејствува самостојно, рече тој.
Мишел, исто така, се залага за поголема стратешка автономија преку партнерство ЕУ-НАТО.
– НАТО е стожер на безбедноста на која се потпираме, но во исто време гледаме, дека треба да можеме да дејствуваме понезависно за да ги направиме нашите сојузи посилни, рече тој. – Силните сојузници прават силни сојузи, рече Мишел.
На тема Кина, претседателот на Европскиот совет рече дека Унијата ќе ги брани своите интереси во односите со Кина, која ја смета за „конкурент, партнер и системски ривал“.