Еден од најгласните претставници на Левица во наводната борба против расипништвото на политичките елити, пратеникот Борислав Крмов во периодот од 2019 до 2023 година од „Примања по основ на други извршени повремени или привремени услуги“ инкасирал околу 5.000 евра.
Според нашите извори од Левица, парите финансирани од државата за политичката партија, пратеникот Крмов, чијашто плата изнесува околу 120.000 денари, ги вадел од партиската сметка, веројатно да го дополни „скромниот“ личен буџет, објави Нетпрес.





