Нема веќе „брзи кредити“ без физичко присуство на барателот

0

Измените во оваа регулатива наметнуваат нови ограничувања за финансиските друштва, со кои се бара построг процес на идентификација и физичко присуство на барателот за да се осигура дека брзите заеми не се користат за незаконски цели.

Финансиските компании од овој момент нема да можат да нудат брзи онлајн кредити само со фотографија од документ за идентификација, што ја оневозможува можноста за кражба на идентитет.

Доколку барателот сака парите да ги добие во „продавница за пари“ наместо на жиро сметка, тоа ќе оди со електронска проверка, со строго утврдената процедура со закон.

Финансиските друштва за брзи кредити, кои со години никој не ги контролира како и кому ги даваат парите, станаа кошмар за многу граѓаните кои иако никогаш не зеле таков кредит, добиваат известување дека треба да враќаат суми со високи лихварски казни за неплатен долг.

Оваа тема ја отвори Народниот правобранител Насер Зибери во јули минатата година.

Skip to content