Нелегална трговија со отпад на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен
Како што соопшти полицијата, во Битола била извршена контрола на три локации во населбата Баир, кои ги користат А. А. (41), Ф. М. (44) и И. Џ. (46 ), сите од Битола, при што било констатирано дека не поседуваат никаква документација и дека немаат регистрирано фирма за вршење на дејноста.
Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с. Мало Коњари, во с. Селце и на плац на улицата Гостиварска во Прилеп, кои ги користел А. Ш. (54) од Прилеп, како и на плац на улицата Беровска, кој го користел К. И. (31) од Прилеп. При контролата исто така било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект.
И во Ресен биле извршени контроли на две локации на кои се вршел откуп на отпад, а кои ги користеле К. М. (40) и З. Ј. (52) од Ресен. Притоа било констатирано дека лицата не поседуваат никаква документација за дејноста што ја вршат и немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.