Независното здружение на новинари на Србија: Медиумите да ги избришат фотографиите и снимките

99

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите кои известуваат за погребот на трагичните жртви во Северна Македонија веднаш да ги избришат фотографиите и да ги усогласат своите извештаи со етичките и професионални стандарди.

НУНС оцени дека објавувањето шокантни и вознемирувачки фотографии од страна на некои медиуми е длабоко неморално и неприфатливо. Според нив, објавувањето снимки од гробни места, членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на етичките стандарди и нарушување на достоинството на засегнатите лица.

„Кодексот на новинарите на Србија експлицитно забранува известување за погреби на приватни лица, а новинарите се должни да ја почитуваат приватноста, достоинството и интегритетот на луѓето. Објавувањето фотографии од погреби не е во јавен интерес“, се вели во реакцијата на НУНС.

Во исто време, тие го повикаа Министерството за информации и телекомуникации да реагира на известувањето на порталите Република, Курир, Блиц, Ало, Телеграф и Мондо, кои објавија содржини што, според нив, го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content