На 31 мај истекува рокот за потврда или корекција на даночни пријави

119

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП – потврдена или коригирана. На 1 јуни 2021 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не биле ниту потврдени ниту коригирани, се вели во соопштението.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година. Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).

Апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време, се вели во соопштението од УЈП.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content