На 1 и 8 јуни државна матура, ќе се полага во холовите или спортските сали на училиштата

43

Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди, консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

„Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни“, изјави за МИА Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура.

Работна група на ДИЦ, во која учествувале и претставници од Министерството за образование и наука, ги контактирала сите средни училишта и собрала податоци за нивните просторни услови и според нив  најголемиот дел од училиштата имаат доволно големи простории за своите ученици.

„Само мал дел од училиштата немаат доволно простории и дел од матурантите од тие училишта ќе полагаат во најблиското училиште во кое има услови за полагање“, додава Михајловска.

За предлозите за воведување блокатори на сигнали на мобилни телефони, директорката на ДИЦ вели дека без оглед дали во испитната просторијата има или нема блокатор,  матурантите воопшто не смеат да користат електронски уреди во текот на испитот, така што блокаторите би го спречиле користењето на мобилните телефони за препишување и споделување информации во ситуација кога тестаторот не го забележал или го игнорирал прекршувањето на правилата.

„Државниот испитен центар смета дека би било добро да има блокатори, но, пред сѐ, очекува коректен однос и почитување на правилата – и од страна на матурантите, и од страна на тестаторите. Како институција не сме надлежни да ја донесеме одлуката за користење блокатори или да ги опремиме училиштата со таква опрема. Доколку се донесе таква одлука на повисоко ниво, секако дека ќе ја почитуваме и ќе направиме сѐ што е потребно за нејзино спроведување“, изјави Михајловска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека државна матура ќе има и оти таа е законска обврска. Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, т

Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика,  англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика).

„Соодносот на наставни предмети кои ќе се полагаат на екстерно и интерно ниво останува ист како и минатата година и покрај тоа што, за среќа, во оваа учебна година учениците не се соочуваа со проблеми од типот изгубени часови и онлајн-настава. И понатаму се во сила скратените испитни програми. За матурантите е особено важно да ги користат информациите и материјалите кои ги објавуваме на веб-страницата за државната матура (www.matura.gov.mk). Освен збирките задачи и прашања за државната матура, испитните програми и правилата за полагање, на веб-страницата матурантите може да најдат и дополнителни важни информации за структурата на испитите, упатства за подобри одговори на прашањата, како и примери на одговори со коментари и сугестии за подобрување на способноста пишување. Сите информации се огромна помош за матурантите и се направени со цел да им овозможат подобра подготовка, поголема самодоверба и релаксираност во текот на полагањето на испитите“, вели директорката на ДИЦ.

Таа посочува дека на веб-страницата за државната матура веќе се објавени збирки задачи и прашања за сите наставни предмети кои се полагаат на екстерните испити.

„Во збирките се содржани сите задачи и прашања кои биле употребени на државната матура во периодот 2016 – 2023 година. Имајќи предвид дека и оваа година матурантите ќе полагаат согласно скратените испитни програми, во збирките има и повеќе од доволно задачи за подготовка на матурантите за успешно полагање на испитите. Подрачјата и способностите кои се проверуваат се исти како и минатата година. На веб-страницата е дадена листата на литературни дела за оваа година која е покуса во она што е дадено во испитната програма. Ако матурантите ги разгледаат задачите и прашањата од претходните години, ќе увидат дека видот на прашања е ист или сличен, се менуваат само нијанси“, додава Михајловска.

За полагање на годинашната државна матура се пријавени 14.838 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 10.093 за албански јазик и литература, 4.189 кандидати за турски јазик и литература. За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се: 315 кандидати за математика, 13.199 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 104 за германски јазик, двајца кандидати за руски јазик, еден за филозофија и 84 за естетика.

ДИЦ е сѐ уште  во комуникација со средните училишта за утврдување на конечниот број на матуранти што ќе полагаат и можни се, вели Михајловска, сосема мали, занемарливи промени до крајот на процесот на потврдување на конечните податоци од страна на училиштата.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content