На Плаошник 40-дневен помен на упокоениот митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј

107

– По повод 40-дневниот помен на блаженоупокоениот митрополит дебарско-кичевски Тимотеј, денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архијерејска заупокоена литургија.

Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на литургијата молитвено ќе присуствува архиепископот охридски и македонски г. г.

Стефан, со членовите на Светиот архијерејски синод, под чиноначалство на епископот стобиски г. Јаков. По литургијата ќе се служи парастос на гробот.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември минатата година по кусо боледување, на 73-годишна возраст. Беше погребан во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content