На денешен ден Солана даде наредба да се бомбардира Србија

105

На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се огласија околу 19 часот и 45 минути, а првите проектили ја погодија зградата на Центарот за комуникации во касарната Прокупље, при што загина војникот Бобан Недељковиќ.

Во Косово, првите цели што беа погодени беа воените цели во Приштина.

Наредбата за воената кампања ја дал Хавиер Солана, тогашниот генерален секретар на НАТО, на командантот на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, иако за оваа интервенција немаше одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации. Затоа често се вели дека меѓународното право умрело со првата фрлена бомба.

НАТО го оправда започнувањето на операцијата Сојузни сили со потребата да се запре „хуманитарната катастрофа што се одвива во Косово“ и како последица на неуспешните меѓународни напори за решавање на конфликтот по дипломатски пат.

Дека НАТО е подготвен да изврши удари против СРЈ беше објавено уште во јануари 1999 година, пред конференцијата во Рамбује на која претставници на тогашните српски власти и косовските Албанци, заедно со меѓународни претставници, неуспешно преговараа 17 дена во текот на февруари.

Тогашната американска администрација, предводена од претседателот Бил Клинтон, веруваше дека бомбардирањето ќе трае неколку дена и дека претседателот на СРЈ, Слободан Милошевиќ, наскоро ќе го прифати предложениот договор од Рамбује, со неговиот контроверзен дел за Белград, за военото присуство на НАТО на Косово. Нападите на Алијансата, која тогаш имаше 19 членки, траеја 78 дена.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content