На денешен ден во 1946 година во Скопје, во црквата „Свети Спас“ биле положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев.
Моштите, кои два дена претходно македонската делегација ги донела од Софија, биле положени со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија,
Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје.
Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.